Дома Трансфер зона ПРЕСВРТ: Сега Милан во пол позција, Раиола ја губи моќта?

ПРЕСВРТ: Сега Милан во пол позција, Раиола ја губи моќта?

Сплетот на околностите популарниот менаџер го доведе во тешка позиција кога е трансферот во прашање.

Опциите за Мино Раиола да го продаде Донарума повеќе и не се така бројни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, до пред неколку денови тој наведе дека 11 клуба се заинтересирани за услугите на младиот голман, но италијанските медиуми пишуваат дека во овој момент ситуацијата е далеку од таква.

Пред се, Раиола се надеваше на Реал Мадрид, но Зидан нема интерес да го доведува Донарума ова лето, се шпекулира дека Французинот и во наредната сезона ќе влезе со Навас на голот.

Манчестер Сити го ангажираше Бразилецот, Едерсон, Јувентус е блиску до договор со Шчесни, па на Раиола му остануваат само клубови како Борусија Дортмунд и Евертон кои тешко дека ќа ја платат оштетата која ја бара Милан.

Сега, многумина се прашуваат зошто Раиола сака трансфер ова лето. Причината е јасна, ПРОВИЗИЈА.

Наредната сезона доколку Донарума не го продолжи договорот со Милан би бил слободен играч, а тоа на Раиола во никој случај не му одговора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …