Дома Трансфер зона Пресврт: Ромањоли останува во Милан

Пресврт: Ромањоли останува во Милан

Милан наскоро ќе започне преговори со својот капитен Алесио Ромањоли за продолжување на соработката, пренесува „Скај Италија“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.

Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак „росонерите“ ќе се обидат да го задржат.

Раководството доставило понуда до неговиот агент Мино Раиола, а во прилог им оди ситуацијата што самиот фудбалер сака да остане  на Сан Сиро.

Ромањоли оваа сезона игра одлично заедно со Томори во одбраната на италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…