Дома Фудбал Пресврт: Депај потпишува нов договор

Пресврт: Депај потпишува нов договор

Барселона во наредните денови ќе му понуди нов договор на напаѓачот Мемфис Депај, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се чини дека дојде до пресврт и Каталонците се спремни да го задржат Депај, бидејќи до неодамна медиумите тврдеа дека е ставен на продажба.

Депај пристигна во клубот минатото лето како слободен играч и на почетокот на сезоната беше стартер, но по доаѓањето на Чави ја загуби позицијата во тимот.

Новиот договор на Депај ќе зависи и од одлуките на Генералното собрание на клубот. Доколку му се доделат дополнителни средства, газдите ќе седнат на преговарачка маса со напаѓачот.

Во својата прва сезона во Барса, Депај забележа 38 натпревари, 13 гола и 2 асистенции. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…