Дома Фудбал Репрезентации Пресврт во Србија: Голманот кој беше „отпишан“ добива повик за Светското првенство?

Пресврт во Србија: Голманот кој беше „отпишан“ добива повик за Светското првенство?

Голманот на Рома, Миле Свилар се нашол на списокот на селекторот Драган Стојковиќ Пикси за претстојното Европско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја пренесоа српските медиуми наведувајќи дека дошло до пресврт откако пред неколку месеци Свилар изјавил дека повеќе не сака да игра за српската фудбалска репрезентација и со тоа практично беше „отпишан“.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Србија испратил до УЕФА поширок список на играчи на кои се во комбинација за ЕП, а на него бил и Свилар, додека конечниот список на патници мора да биде објавен најдоцна до 7 јуни.

Свилар сакаше да брани за Белгија, бидејќи сфати дека има мали шанси да игра за Србија во конкуренција на Вања Милинковиќ Савиќ, Предраг Рајковиќ и Ѓорѓе Петровиќ, но веќе еднаш го смени спортското државјанство и ФИФА не му дозволи да го направи повторно.

Во меѓувреме се наметна на голот на Рома и е еден од најдобрите голмани во Европа, па и во Србија веројатно го смениле мислењето за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

БИЛД: Четири германски ѕвезди одбиле да изведат пенал

ГЕРМАНИЈА беше елиминирана од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Натпревар…