Дома Фудбал ПРЕМИЕР ЛИГАТА ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ: Потпишан договор за ТВ права вреден речиси ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

ПРЕМИЕР ЛИГАТА ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ: Потпишан договор за ТВ права вреден речиси ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Англиската Премиер лига продолжува да ги поместува границите кога станува збор за ТВ правата!

Имено, за три сезони (2025/26, 2026/27 и 2027/28) Премиер лигата ги продаде правата за ТВ пренос само во Англија за вртоглави седум милијарди и 800 милиони евра!

Тоа е зголемување од над две милијарди евра, што го добиле од договорот во периодот од 2022 до 2025 година.

Најголем дел од парите, а со тоа и правата за пренос ги купи „Скај спортс“ кој ќе има ексклузивна можност да пренесува во живо дури 215 натпревари во текот на една сезона, што е најголемиот пакет во историјата.

„Договорот ја обезбеди силата на натпреварувањето. Новиот договор е порака до клубовите, тренерите и играчите да продолжат да го прикажуваат најдобриот фудбал во светот – изјави Ричард Мастерс, претседател на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин…