Дома Останати Кошарка Прекинат натпреварот во Чаир: Нападнати тренерите и кошаркарите на МЗТ Скопје

Прекинат натпреварот во Чаир: Нападнати тренерите и кошаркарите на МЗТ Скопје

Вчера на програмата беше закажан натпреварот од 20 коло во Првата македонска кошаркарска лига во Чаир помеѓу екипите на Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром.

Овој меч во салата „Шабан Трстена“ не го доживеа својот крај, дојде до прекин при резултат 42:44 водство за „металците“.

КК МЗТ Скопје Аеродром ја информираше јавноста дека до прекинот дојде по нападот на неофијалница лица врз тренерите и кошаркарите во соблекувалната на актуелниот шампион.

– Натпреварот на гостински терен кај КК Чаир 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето.

Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден! – се вели во краткото соопштение на КК МЗТ Скопје Аеродром.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…