Дома Фудбал Репрезентации Пред крајот хорор во Мадрид: Селекторот на Шпанија довикуваше натпреварот да се прекине

Пред крајот хорор во Мадрид: Селекторот на Шпанија довикуваше натпреварот да се прекине

Шпанците пред два дена во Мадрид им приредија вистински хорор на аргентинските фудбалери со големата победа со 6:1, во рамките на пријателските натпревари. Домаќините шестиот погодок го постигнаа 15 миниту пред крајот на натпреварот, а Аргентинците од тој момент почнаа да играат крвнички фудбал.

Фудбалерите на селекторот Сампаоли добија дури три жолти картони во последните 10 минути од натпреварот поради тешките стартови врз играчите на Шпанија, а тоа го загрижи селекторот на Шпанија, Хуан Лоптеги.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно сериозни беа стартовите над Карвахал и над Коке, а Лоптеги во тој момент почна да довикува на главниот судија да го прекине натпреварот, плашејќи се некој од неговите играчи да не заработи сериозна повреда. Нормално, му беше јасно во тие моменти дека на Аргентинците повеќе не им е до игра, па се обиде да ги спаси своите играчи од тешки повреди.

На крајот сепак се помина во најдобар ред и ниеден шпански играч не заработи повреда, а судијата одсвири крај како што е редот, после истекот на 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…