Дома Трансфер зона Преговорите во тек, Коларов на пат да направи голем „грев“?

Преговорите во тек, Коларов на пат да направи голем „грев“?

Фудбалерот на Манчестер Сити, Александар Коларов, би можел да се врати во Рим.

Познато е дека српскиот фудбалер своевремно го носеше дресот на Лацио каде што помина три сезони, пред да се пресели во Англија, сега интерес за неговите услуги покажува големиот градски ривал на Лацио, екипата на Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Коларов не е прва мета на „Волчицата“, како приоритети на Мончи се наведуваат Џереми Тољан од Хофенхајм, како и младиот репрезентативец на Италија Антонио Береки.

Но, иако Коларов не е прва опција, наводно Мончи веќе одржал состанок со неговиот агент.

Доколку овој трансфер биде реализиран сигурно дека Коларов нема да има „топло“ добредојде од навивачите на Лацио.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…