Домаќинот на Олимписките игри, Јапонија изби на првото место како најуспешна земја по третиот натпреварувачки ден.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најмногу медали има освоено Кина, вкупно 18, но Јапонија моментално е најуспешна, бидејќи од вкупно 13 медали, дури осум се златни, два сребрени и три бронзени.
САД се на второто место по успешност со седум злата, три сребра и четири бронзи. Кина засега има шест златни одличја, пет сребрени и седум бронзени. Потоа следува Русија, Велика Британија, Јужна Кореја и Австралија.
Најголемо изненадување до сега е секако Косово со два златни медали.
