Од поодамна беше најавено, а денес „старата дама“ го потврди доаѓањето на младата ѕвезда на Бока Јуниорс, Родриго Бентакур.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бентакур беше на мета на многу европски клубови, но Јувентус имаше предност да го купи играчот и се договори со аргентинскиот клуб за трансфер вреден 15 милиони евра, од кои 10 милиони веднаш, а другите како бонуси.
„Старата дама“ преку својот официјален Твитер профил денес потврди дека Бентакур пристигнал на медицински прегледи во Торино и дека ќе биде првото летно засилување за италијанскиот шампион.
Талентираниот играч за врска овој јуни ќе наполни точно 20 години, а тогаш се очекува да биде и неговата официјална промоција како играч на Јувентус.