Дома Фудбал Останато Прво соопштение од истражителите на летот на Сала: Пилотот правел се што може!

Прво соопштение од истражителите на летот на Сала: Пилотот правел се што може!

Откако беше извадено телото од остатоците од авионот на дното кое подоцна се потврди дека е Емилијано Сала, истражителите направија реконструкција на летот.

Пронајдено беше само телото на Сала додека за она на пилотот Дејв Иботсон се уште нема траги. Меѓутоа и покрај тоа според досегашните податоци кои ги имаат, истржаителите сметаат дека пилотот дал се од себе за да го спаси авионот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потврдено дека Иботсон имал контрола над авионот пред ударот во морето. Ова е заклучено од носот на авионот кој не е распаднат. Нераспаѓањето значи дека бил дигнат пред да удрат во водата, во случај да било спротивното сигурно би бил распаднат.

„Пилотот имал контрола и тоа се забележува од остатоците во морето. Во вакви ситуации вообичаено прв кој настрадува е носот. Меѓутоа тука носот не е распаднат и значи дека бил дигнат пред контактот со водата. Ова им дало можност да се извлечат, но бидејќи станува збор за мал авион немале многу време и истиот брзо се наполнил со вода. Сосема јасно е дека пилотот правел се што може да се спасат, но за жал не успеал. Сега, друго прашање е каде е телото на пилотот“, стои во првото соопштение од истражителите на несреќата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…