Луис Суарез вчера и официјално беше промовиран како нов играч на Атлетико Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругваецот во Мадрид ќе го носи дресот со број девет кој го напушти клубот и премина во Јувентус. Суарез со Атлетико потпиша договор на две години и ќе заработува девет милиони евра.
Денес тој го имаше и првото обраќање како играч на Атлетико.
„Драги фанови, еве ме во новиот дрес. Едвај го чекам првиот натпревар и сум благодарен за пораките. Добив навистина многу, време е за уживање и успеси“, изјави Суарез во краткото видео.