Дома Фудбал Италија Првата изјава на Роналдо откако го „скрши мразот“ во Серија А

Првата изјава на Роналдо откако го „скрши мразот“ во Серија А

ronaldo

Кристиано Роналдо денес со два гола му донесе победа на Јувентус во натпреварот Сасуоло, за Роналдо ова беа првите два погодоци во италијанската Серија А.

Португалецот денес погодуваше во 50-тата и 65-тата минута, а после натпреварот призна дека за него ова значело големо олеснување.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Среќен сум поради победата и головите. Навистина сакав да ги постигнавм првите голови оваа сезона и признавам дека бев малку неровзен. Не постигнав гол во првите три натпревари, но работев добро и знаев дека само прашање на време е кога ќе дојде првиот гол“.

„Добро се прилагодив на италијанскиот фудбал. Навивачите од мене имаат големи очекувања и мислам дека ќе ги оправдам“, изјави Роналдо.

Јувентус веќе во среда ја започнува Лигата на шампионите со натпреварот против Валенсија.

„Тоа е моето омилено натпреварување. Имаме тешка група, но мораме да се сконцентрираме на себе. Ако ние бидеме на нивото, нема да имаме проблеми“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми отказ за Тен Хаг

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…