Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Прва фотографија на Ериксен: Благодарам на убавите пораки од целиот свет!

Прва фотографија на Ериксен: Благодарам на убавите пораки од целиот свет!

Кристиан Ериксен испрати порака до фановите од болницата во Копенхаген, каде беше примен после инцидентот на мечот со Финска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


29-годишниот плејмејкер доживеа срцев удар на теренот и само брзата реакција на капитенот Кјаер и на медицинскиот тим му го спасија животот.

Ерииксен во моментов е во болница, каде се наоѓа под надзор на специјалисти и е во стабилна состојба, а објави и фотографија.

„Здраво на сите, огромно благодарам за вашите убави и неверојатни пораки од целиот свет. Навистина многу ми значи, мене и на семејството. Јас сум добар, со оглед на условите. Се уште треба да минам одредени прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за мојата селекција, за Данска во наредните натпревари. Момци, играјте за целата нација“, напиша Ериксен. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…