Дома Трансфер зона Прва изјава на Гундоган по потписот со Барселона

Прва изјава на Гундоган по потписот со Барселона

По седум години во Манчестер Сити со кој во изминатата сезона го имаше и најголемиот успех освојувајќи и Лигата на шампионите, Илкај Гундоган се пресели во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона денес го потврди трансферот, а Гундоган ја даде и првата изјава по потписот.

„За мене беше вистинска привилегија да бидам дел од Манчестер Сити во последните седум години. Се чувствував како дома, Сите во клубот беа мое семејство. Поминав многу незаборавни моменти, сакам да се заблагодарам на Пеп Гвардиола на за посебната сезона која беше мое најголемо искуство“.

„Сакам да се заблагодарам на сите со кои ја делев соблекувалната, сите одиграа важен дел во мојот период тука. Благодарност и до навивачите на Сити, тие ми даваа поддршка од првата до последната минута“, изјави Гундоган по потписот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Херојот на Парагвај може да се пресели во Серија А

Италијанскиот фудбалски клуб Торино изрази интерес за голманот на парагвајската репрезента…