Дома Фудбал Почина таткото на Маркос Алонсо

Почина таткото на Маркос Алонсо

Почина поранешниот фудбалер Маркос Алонсо Пена, таткото на Маркос Алонсо кој моментално игра за Барселона. 

Маркос Алонсо Пена почина на 63-годишна возраст по долго и тешко боледување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алонсо сениор играше за Барселона од 1982 до 1987 година. Кариерата ја започна и ја заврши во Расинг Сантандер, во два наврати играше и за Атлетико Мадрид (1979/82 и 1987-89) и Логроњес.

По завршувањето на кариерата тој  работеше како тренер во Рајо Ваљекано, Севиља, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Ваљадолид, Малага и Гранада.

Инаку неговиот син Маркос Алонсо исто така има одлична кариера и моментално е член на Барселона, каде минатото лето пристигна од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …