Дома Фудбал Почина легендарниот Цезар Луис Меноти

Почина легендарниот Цезар Луис Меноти

Легендарниот аргентински тренер Цезар Луис Меноти почина на 86-годишна возраст.

Човекот кој како тренер во 1978 година и ја донесе на Аргентина првата светска шампионска титула, последниот месец го мина во болница поради тешка форма на анемија. Смртта на големиот тренер ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Аргентина.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Со жалење мораме да соопштиме дека почина Цезар Луис Меноти, актуелен директор на националните селекции и поранешен тренер на селекцијата која го освои светскиот шампионат“, се вели во соопштението.

Меноти беше солиден играч и како напаѓач на Бока стигна до националниот тим за кој настапи 11 пати. Сепак, тој стекна многу поголема слава како тренер. Тој беше селектор на Аргентина од 1974 до 1983 година, по што беше тренер на Барселона, Бока, Атлетико Мадрид, Ривера и многу други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го „блиндира“ најголемиот италијански талент

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 15 години, но веќе важи за најголемио…