Дома Фудбал Останато Почина еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња

Почина еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња

Почина последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година, Курт Хамрин. Поранешниот напаѓач на Шведска имаше 89 години.

Хамрин беше последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година со Бразил (2:5). Од шведската репрезентација од тој состав жив е само Уве Олсон, кој не играше во финалето.

Во текот на својата кариера Хамрин играше за АИК, Јувентус, Падова, Фиорентина, Милан, Наполи и Стокхолм.

Дресот на Фиорентина го носеше на повеќе од 300 натпревари и во период од девет години постигна 208 голови. Неговиот рекорд не го надмина ниту славниот Аргентинец Габриел Батистута кој остана на второто место на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …