Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Потрес на Мундијалот: Кореа ја победи Германија – светскиот шампион како последен си оди дома!

Потрес на Мундијалот: Кореа ја победи Германија – светскиот шампион како последен си оди дома!

Го имаме првиот елиминиран голем фаворит и тоа не било кој – светскиот шампион Германија!

Тони Крос ги спаси минатиот натпревар, но овој пат не успеаа. Германија доживеа пораз против Јужна Кореја, а Шведска го победи Мексико и така го заврши својот настап на Мундијалот уште во групната фаза и тоа како последна!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ваква Германија и заслужи да биде елиминирана, ова не е Германија која беше светски шампион.

Светскиот шампион скоро и да не создаде посериозна прилика за погодок, па на крајот мораше да се помири со елиминација.

Првиот погодок на Кореа беше постигнат онака како што знаат Германците, во последните моменти. Главниот судија прво досуди офсајд, но после ВАР беше досуден погодок за Корејците.

Како печат на елиминацијата стигна голот на Сон во последните моменти. за 2:0

Како што споменавме во вториот натпревар Шведска го победи Мексико со 3:0.

Вистинско изненадување беше ваквиот резултат на Шведска, ако се знае како Мексико одигра против Германците.

Првите 45 минути на оваа средба завршија без погодоци.

Швеѓаните започнаа да погодуваат во вториот дел. Бекот Аугустинсон ја доведе Шведска до водство од 1:0 во 50-та минута. Десетина минути подоцна Гранквист зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Алаварез кој си ја погоди сопствената мрежа во 74 минута.



 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…