Дома Топ вести Потпретседателот на Барселона: Свесни сме дека Нејмар не е среќен во Париз

Потпретседателот на Барселона: Свесни сме дека Нејмар не е среќен во Париз

Aко им веруваме на луѓето од Барселона барем засега од трансферот на Нејмар нема ништо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се она што се пишуваше за враќањето на Нејмар во Барселона „паѓа во вода“ поради последната изјава на потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер.

„Искрено, не размислуваме за него. Премногу е комплицирано“, порача Кардонер и продолжи:

„Ние сме тука споредни актери. Свесни сме дека Нејмар не е среќен во Париз, но тоа е нешто кое мора да се реши таму. Не сме разговарале со Нејмар. Помеѓу клубовите постои почит, а ако еден ден има случај „Нејмар“ ќе зборуваме прво со неговиот клуб. Денес, во овој момент, нема ништо од тоа“, заврши потпретседателот на Барселона.

Значи, според оваа изјава многу веројатно е дека ќе го гледаме Нејмар во ПСЖ и во сезоната која следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…