Дома Трансфер зона Потер не е задоволен од Обамејанг: Челси ќе потроши 100 милиони евра за нов напаѓач?

Потер не е задоволен од Обамејанг: Челси ќе потроши 100 милиони евра за нов напаѓач?

Челси оваа сезона промени неколку фудбалери, како и тренерот, но ниту тоа не им помогна да остварат добри резултати по 13 одиграни кола во Премиерлигата и се наоѓаат далеку од топ-4, а уште подалеку од првата позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поразот од Арсенал со 0-1 на „Стемфорд бриџ“ го вклучи алармот и газдата Тод Боели реши да интервенира во јануари, а англиските медиуми пишуваат дека наскоро во Лондон би можел да пристигне нов напаѓач.

Челси се поврзува со трансфер на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој е одличен во нападот на Јувентус, а „Калчомеркато“ објави дека неговиот потпис би чинел околу 100 милиони евра.

Гигантот од Лондон ќе има конкуренција во битката за Влаховиќ, затоа што за Србинот постои интерес и од Манчестер јунајтед кој бара замена за Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…