Играчот за врска на Јувентус, Хернанес ќе ја напушти „старата дама“ и кариерата ќе ја продолжи во Кина каде ќе го носи дресот на Хабеи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите веќе неколку дена пишуваат дека трансферот е пред реализација, а тоа го потврди и спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота.
Јувентус од овој трансфер ќе добие 11 милиони, односно истата сума која ја платија кога го купија Бразилецот од Интер.
Хернанес во Кина ќе заработува двојно поголема плата од актуеланата, а во Хабеи ќе игра заедно со Лавеци и Жервињо, играчи кои своевремено играа во Серија А.