Тренерот на Милан, Винченцо Монтела го доби посакуваното засилување, па „росонерите“ ќе бидат значително засилени во битката за третото мето кое води во Лигата на шампиони.
Станува збор за играчот на Евертон, Жерард Делуфеу кој пристигнува на „Сан Сиро“ на позајмица до крајот на сезоната.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Деулофеу е производ на младинската академија на Барселона, но и покрај квалитетите кои ги поседува, сезонава не успеа да се наметне кај новиот менаџер Роналд Куман.
Милан беше во потрага по еден крилен напаѓач, а Делуфеу беше првиот избор бидејќи може да игра како по десната, така и по левата страна.