Дома Фудбал Останато Потврдено: Клаудио Раниери го напушта Нант – Премиер лигата следна дестинација?

Потврдено: Клаудио Раниери го напушта Нант – Премиер лигата следна дестинација?

ranieri

Иако неговиот договор имаше важност до 2019 година, Клаудио Раниери и дефинитивно го напушта Нант, после само една сезона помината во францускиот клуб.

„Немаме што да криеме. На состанокот, Раниери ни се заблагодари на сите“, откри претседателот Валдемар Кит.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Раниери оваа сезона со Нант имаше сосема добар учинок во првиот дел од сезоната кога беше во горниот дел на табелата, се бореше за место во европските купови, но потоа следуваше пад во формата, по што сезоната во Лига 1 ќе ја завршат на средина од табелата.

Останува само уште во сабота да го одработи последниот натпревар против Стразбур.

Која ќе биде следна дестинација на Италијанецот?

Во претходните недели Раниери важеше за кандидат за селекторското место на Италија, меѓутоа таа можност отпадна бидејќи Роберто Манчини веќе е промовиран за нов селектор.

Од Островот пристигнуваат информации дека би можел во Тотенхем, секако под услов Покетино кој се поврзува со Челзи да го напушти Тотенхем.

Едно е сигурно, ќе ја напушти Франција.

„Мораме да му се заблагодариме за се што направи тука. Не беше секогаш лесно. Имаме и за што да жалиме, но не можеме да му се лутиме, таков е животот“, изјави Кит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…