Eкипата на Манчестер Јунајтед одлучи да го врати Серхио Регулион во редовите на Тотенхем.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот фудбалер на „Олд Трафорд“ пристигна на позајмица во летниот преоден рок, а и покрај повредите на Тајлер Маласија и Лук Шо не се наигра. Дресот на Јунајтед го носеше на само 14 натпревари на кои вкупно собра 655 минути.
Ерик Тен Хаг сега ќе може повторно да смета на Шо и Маласија, како и Далот кој може да ја покрива таа позиција, па така Регулион беше означен како „вишок“.
Пред Регулион, Манчестер Јунајтед го напушти и Дони Ван Де Бек кој замина на позајмица во германски Ајнтрахт Франкфурт.