Изгледа дека состанокот помеѓу Грег Поповиќ и Каваи Ленард кои се сретнаа за продолжување на договорот не поминал во најдобар ред.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ленард имаше огромни проблеми со повредата, одигра само девет натпревари во претходната сезона и видовме колку Сан Антоанио без него е неконкурентен на Голден Стејт.
Од поодамна се шпекулира дека сака да си замине, а сега тоа новинарите на ЕСПН и го потврдија. Потенцијална можност беше трејдот во Лос Анџелес Лејкерси каде што Ленард би можел да заигра со Леброн и Пол Џорд.
Нема сомневање дека на Ленард ќе му биде отворена вратата каде и да оди.