Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Дешамп останува селектор на Франција!

Потврдено: Дешамп останува селектор на Франција!

Франција беше прв фаворит за освојување на Европското првенство, но непријатно изненадување им приредија Швајцариците од кои беа поразени во осминафиналето.

Во тој натпревар Франција водеше со 3:1, Швајцарија успеа да се врати до 3:3, а потоа и на пенали да ги елиминира актуелните светски шампиони.

По овој пораз се шпекулираше дека Дидие Дешамп може да добие отказ, сепак тоа нема да се случи. Тоа го потврди првиот човек на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грат.

„Дешамп ќе ја води Франција и на СП во Катар. Седнавме и се што имавме решивме за три минути. Ја видов неговата желба и мотив да остане и да ја води репрезентацијата, тоа е нешто кое и јас го посакував. Немаше дискудија брзо се договоривме“, изјави Ле Грат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул е подготвен за јануари: Пронајдоа Аргентинец кој ја разбуди фантазијата на навивачите

Ливерпул во зимскиот трансфер период ќе се обиде да доведе млад аргентински фудбалер од Бо…