Дома Топ вести Постигнат договор: Де Лихт се сели во Баерн Минхен

Постигнат договор: Де Лихт се сели во Баерн Минхен

Баерн Минхен е се поблиску до комплетирање на трансферот на холандскиот дефанзивец Матаис де Лихт од Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


 Двете страни постигнаа вербален договор околу трансферот на Де Лихт, за кого Баварците ќе платат 80 милиони евра.

Холандскиот фудбалер ги договори личните услови со германскиот шампион и ќе потпише петгодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Де Лихт пристигна во Јувентус пред три години за 85 милиони евра, но не ги оправда во целост очекувањата и самиот сакаше да ја промени средината.

Медиумите пренесуваат дека утре треба да пристигне во Минхен на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…