Дома Фудбал Постигнат договор, Бенасер наскоро става потпис

Постигнат договор, Бенасер наскоро става потпис

Милан постигна договор со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

24-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан сака да го награди за добрите партии со побогат договор.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Бенасер ќе стави потпис до 2027 година, а годишно ќе заработува 4 милиони евра плус бонуси.

Алжирецот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ќе биде избришана со новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…