Дома Фудбал Постигнат договор: Барселона на плати ќе заштеди 172 милиони

Постигнат договор: Барселона на плати ќе заштеди 172 милиони

Каталонските медиуми во последните месеци детално ја следат ситуацијата во Барселона, а се започна кога Меси најави дека би можел да го напушти клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Финансиската ситуација во клубот е алармантна, па Барселона итно мора да ги намали платите за да избегне банкрот.

Според „Кадена Копе“, по долги преговори, управата конечно успеа да се договори со играчите за намалување на платата. Така, Барселона ќе заштеди 122 милиони евра за плати оваа година.  

Сепак, оваа сума ќе им биде префрлена на играчите по финансиското стабилизирање во текот на следните четири години.

Исто така, каталонскиот клуб следната година ќе заштеди 50 милиони евра во бонуси. Тие ќе им бидат исплатени на играчите во текот на следните три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Утрово е донесена одлука дали Мурињо ќе го преземе Реал Мадрид

Веќе долго се зборува дека Жозе Мурињо од следната сезона повторно ќе биде тренер на клупа…