Дома Фудбал Останато После суспензијата на Озил се огласи неговиот менаџер

После суспензијата на Озил се огласи неговиот менаџер

Месут Озил во Фенербахче повторно се соочува со слични проблеми какви што имаше на крајот од неговата епизода во Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Озил беше исфрлен од првиот тим поради конфликт со тренерот Исмаил Картал. Инфромациите кои ги објавија турските медиуми се дека стратегот не бил задоволен од физичката форма на Озил.

Иако е под суспензија Озил има намера да остане во Истанбул, а тоа го потврди и неговиот менаџер Еркут Согут.

„Месут не сака да ја отежнува ситуација, но и не сака да си замине, сака да остане во клубот до крајот на договорот кој го потпиша на три години. Ќе остане да тренира и тоа е единствено нешто поврзано со случувањата на теренот. Тажни се ваквите работи, непријатно е и за двете страни, најважно е да ја чекаме одлуката на клубот. Ако биде казнет и тоаќ е го прифатиме“, изјави агентот на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…