Дома Фудбал Италија После поразот од Милан, во тренинг центарот на Рома осамна порака за челниците на клубот

После поразот од Милан, во тренинг центарот на Рома осамна порака за челниците на клубот

Милан синоќа со голот на Кутроне во 95. минута ја совлада Рома со 2:1 во дербито на третото коло во Серија А.

Иако до последните секунди од натпреварот Рома имаше 1:1 на Сан Сиро, екипата на Ди Франческо не играше најдобро на натпреварот, исто како и на претходните два натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома во првите три кола освои четири бода, а незадоволните навивачи синоќа во тренинг центарот на Волчицата закачија протестен транспарент.

„Толку од Скудето, толку од Лига шампиони. Вашите трофеи се само профит и продажба.“ – гласи пораката на навивачите на Рома.

Имено, навивачите на Рома се незадоволни од политиката на клубот и одлуката да ги продава клучните играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…