Дома Фудбал Англија После веста дека Халанд се упатил кон Манчестер се огласи и Солскјер

После веста дека Халанд се упатил кон Манчестер се огласи и Солскјер

Норвешките медиуми утрово објавија дека Ерлинг Халанд се упатил кон Манчестер, подоцна беше и пронајден неговиот лет на познатата страна „Flight radar“.

Денес се погоди и Оле Гунар Солскјер да има прес-конференција пред натпреварот за викендот, па стратегот на Јунајтед доби прашање за Халанд.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Тоа што доаѓа кон Манчестер не значи дека доаѓа да стане играч на Јунајтед, барем не преку мене. Ова е време на одмори, па можеби Манчестер му е попатна станица за некоја локација каде што сака да одмара“, изјави Солскјер.

Халанд е веројатно најбараниот играч во овој момент, а останува да се види дали ќе ја промени средината во јануарскиот преоден рок. За Салзбург во изминатиот дел од сезоната постигна 28 гола на 22 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тен Хаг: Ако не ме сакаат во Јунајтед, ќе освојувам трофеи на друго место

Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена…