Дома Останати После 10 години Новак испаѓа од Топ 4

После 10 години Новак испаѓа од Топ 4

Долгогодишниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ од следната недела нема да биде во ТОП 4 на АТП листата, прв пат по полни десет години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ во моментов е четврти играч во светот со 6.325 поени, но ќе загуби 1,000 поени на Роџерс Купот во Монтреал, каде што ја брани титулата. Од неговите ривали од врвот, бодови ќе загуби само Стан Вавринка (360), додека Мареј, Надал и Федерер остануваат на исто бидејќи минатата година не играа на Роџерс Купот.

Новак Ѓоковиќ на Вимблдон можеше да се врати на првото место по елиминацијата на Мареј во четвртфиналето, но не имаше среќа и мораше да го предаде мечот поради повредата на лактот и така ја испушти приликата.

Во случај во догледно време да загрепне од повредата и да се врати на теренот, Новак до крајот на годината би можел да го поправи својот резултат со оглед на тоа што на турнирите кои слдуваат минатата година немаше значајни резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…