Дома Фудбал Портсмунт по 12 години се врати во Чемпионшип: Следуваа спектакуларни сцени 🎥

Портсмунт по 12 години се врати во Чемпионшип: Следуваа спектакуларни сцени 🎥

Портсмут го освои трофејот во Лига 1 (трета лига на Англија) и обезбеди пласман во Чемпионшип (втора лига на Англија), a по враќањето во втората лига следуваа неверојатни сцени.

Портсмут помина 12 години во третата и четвртата лига, а сега успеа да се врати во Чемпионшип. Во минатото овој тим играше и во Премиер лигата каде што последен пат беше во сезоната 2009/2010.

Портсмут го совлада Барнсли со 3:2 со голот на Конор Шонеси во 89. минута и на две кола пред крајот на лигашкиот дел од сезоната го освои трофејот и обезбеди промоцијата во повисок ранг.

Добри шанси да се врати во Чемпионшип има и Дерби кој е на втората позиција.

Навивачите беа во целосна екстаза, па по завршувањето на натпреварот масовно влетаа на теренот. Следеа сцени снимени од дрон кои изгледаат фантастично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селтик даде седум гола, но Малони предупредува: Со Селта ќе биде поинаку

По убедливите 7-1 против Хартс, Селтик ја пречекува Селта во Лига Европа. Шон Малони бара …