Дома Трансфер зона Поранешниот европски шампион руши рекорди: Го доведува и 30. засилување оваа сезона

Поранешниот европски шампион руши рекорди: Го доведува и 30. засилување оваа сезона

Нотингем Форест прави некои неверојатни работи на трансфер пазарот, но изгледа дека тие даваат резултат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Премиер лигата е најсилната фудбалска лига во светот во овој момент, но никој не очекуваше дека новајлијата Нотингем ќе биде толку активен на трансфер пазарот.

Верувале или не „шумарите“ од почетокот на сезоната доведоа 29 засилувања, а наскоро ќе го доведат 30. иако преодниот рок официјално заврши.

Преодниот рок заврши, но слободните фудбалери можат да потпишуваат договори. Без ангажман е капитенот на репрезентацијата на Гана, Андре Ајев, тој го раскина договорот со Ал Сад од Катар и го привлече интересот на Нотингем.

Англиските медиуми пишуваат дека крилниот фудбалер наскоро и официјално ќе стане нов фудбалер на двократниот шампион на Европа кој во овој момент се наоѓа на 13-тата позиција во шампионатот на Англија.

Најверојатно ќе изборат опстанок ако продолжат вака, но сосема сигурно и ќе го срушат рекордот кога во прашања се трансферите на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…