Дома Фудбал Останато Поранешниот фудбалер на Баерн ја доби казната за пpeтепyвањето на неговата сопруга

Поранешниот фудбалер на Баерн ја доби казната за пpeтепyвањето на неговата сопруга

Судот во Минхен вечерва го осуди германскиот фудбалер Жером Боатенг и тој ќе треба да плати 1,2 милиони евра поради нападот врз неговата поранешна девојка и мајката на неговите две деца.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот на Лион минатата година првостепено беше казнет со 1,8 милиони евра, а судот во жалбената постапка ја намали таа казна, но пресуди и дека е виновен за напад.

Обвинителството побара условна затворска казна од 18 месеци за 34-годишниот поранешен германски репрезентативец, со кој го освои Светското првенство во 2014 година.

Боатенг ги негираше обвиненијата за време на жалбената постапка. Според неговата поранешна девојка, Боатенг ја нападнал додека биле на одмор на Карибите во 2018 година, откако репрезентацијата на Германија била елиминирана во групната фаза на Светското првенство.

Таа за време на судењето изјави и дека поранешниот играч на Баерн фрлал кон неа разни предмети, и ги ставал прстите во очи, ја гризнал и ја влечел за коса. Во жалбената постапка сведочеше нејзина пријателка и го потврди насилството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато е кои четворица играчи се согласија да го напуштат Реал Мадрид, еден чинеше 50 милиони евра!

Реал Мадрид наредната сезона ќе го предводи од клупа Жозе Мурињо и сигурно е дека ќе има д…