Поранешниот репрезентативец на Македонија, Самир Фазли се врати во клубот каде што почна да ја гради кариератау ште во младинскиот погон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
29 годишниот напаѓач после 11 години се враќа во неговиот матичен клуб, Македонија Ѓорче Петров. Фазли е трето засилување после Робсон Да Силва и Изет Ајрулаху.
Фазли запиша седум настапи за сениорскиот тим на Мкеднија и 22 за тимот до 21 година каде што постигна седум гола. Без клуб беше од летото кога ја напушти Шлендија.
Во неговиот прв мандат за Македонија Ѓорче Петров одигра 47 натпревари и постигна 13 голови.
Македонија Ѓорче Петров одигра добар прв дел од сезоната после кој е на делба на втората позиција со тимот на Шкупи.