Дома Фудбал Останато Поранешен играч на Вардар постигна еврогол во квалификациите за ЛШ (ВИДЕО)

Поранешен играч на Вардар постигна еврогол во квалификациите за ЛШ (ВИДЕО)

Вчера како и во вторникот беа одиграни седум натпревари во квалификациите од Лигата на шампионите, а веројатно најголемото изненадување го направи шампионот на Црна Гора Сутјеска.

Сутјеска одигра 1:1 на гости кај фаворизираната Слован Братислава.

Двата гола се постигнаа во финишот од натпреварот. Домаќините поведоа преку Андраж Шорар во 82-та минута, а потоа поранешниот играч на Вардар Дамир Којашевиќ постигна прекрасен гол со удар од 25 метри.

Којашевиќ дресот на Вардар го носеше во сезоната 2016/2017, дојде од Младост Подогорица, а од таборот на црвено-црните натправи трансфер во Војводина.

https://youtu.be/IMJat8IfV-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…