Дома Трансфер зона Поради повредите Леонардо мора да реагира: Агентот на Бразилецот слетал во Милано!

Поради повредите Леонардо мора да реагира: Агентот на Бразилецот слетал во Милано!

caio

Во текот на вчерашниот ден стана јасно дека Џиакомо Бонавентура поради тешката повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната, но „росонерите“ имаат големи проблеми со повреди и во одбраната.

Бразислскиот стопер Родриго Каио и во минатото се поврзуваше со Милан, но според „Калчомеркато“ вчера неговиот менаџер Ник Аркури слетал во Милано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Аркури пристигнал на преговори со директрот на Милан, Леонардо околу потенцијален трансфер на својот клиент. Доколку преговорите бидат успешни, се очекува Милан на Сао Паоло да му исплати сума од 10 милиони евра.

Многу веројатно е Милан да го доведе Каио на позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната, со оглед на тоа дека италијанскиот клуб мора да внимавма и на финансискиот фер плеј.

Иначе, 25 годишниот Каио од 2011 година е член на првиот тим на Сао Паоло. Запиша и четири настапи за првиот тим на Бразил, беше член на олимписката репрезентација на својата земја.

https://www.youtube.com/watch?v=btFQlzQHpS8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …