Дома Фудбал Останато Поради Виљаш Боаш Порто по седум години ќе има нов тренер

Поради Виљаш Боаш Порто по седум години ќе има нов тренер

Фудбалскиот клуб Порто денеска соопшти дека тренерот Серхио Консеисао го напуштa клубот.

Консеисао неодамна го продолжи договорот, но изборот на новиот претседател на клубот Андре Вилас Боаш го забрза неговото заминување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според португалските медиуми, 49-годишниот тренер би можел да го преземе Олимпик од Марсеј, а на клупата на Порто би требало да го замени неговиот помошник Виктор Бруно.

Во 2017 година, Консеисао го презеде Порто и освои 11 трофеи, вклучувајќи три титули во лигата во 2018, 2020 и 2022 година. Последен трофеј што го освои беше Купот на Португалија на 26 мај со победата од 2:1 против Спортинг.

Порто оваа сезона ја заврши на третото место на табелата со 18 бода помалку од шампионот Спортинг.

Консеисао играше за Порто, како и за Лацио, Рома, Парма и Интер, кариерата ја заврши во ПАОК во 2009 година, а една година подоцна стана тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Компани доби понуда за Светското првенство, па даде експресен одговор

Тренерот Винсент Компани врши извонредна работа во Бајерн. Со Баварците веќе обезбеди 35-т…