Легендарниот напаѓач на Челзи, Дидиер Дрогба стави крај на кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дрогба на почетокот на оваа година најави дека по завршувањето на сезоната ќе се пензионира, а рано утрово по наше време го одигра последниот натпревар.
Беше тоа натпревар од плеј-офот во втората лига во САД. На оваа средба тимот на Дрогба, Феникс Рисинг доживеа пораз од Лоусвил Сити со резултат 1:0.
Дрогба во САД помина три години, а пред тоа настапуваше и во Кина. Секако, најславните денови ги помина во Челзи со кој освои три титули во Премиер лигата.
Ќе потсетиме, Дрогба неодамна постигна и еден спектакуларен гол во осминафиналето против Портланд Тимберс кое неговиот тим го доби со 3:0.
We interrupt your regularly-scheduled Friday night plans to bring you a Didier Drogba playoff goal ??pic.twitter.com/vYOR4ghv2N
— COPA90 US (@COPA90US) October 20, 2018
Крај на кариерата става на 40 години.
https://www.youtube.com/watch?v=7Mid4DBEMmc