Дома Македонски спорт Покрај Димитриевски за Ерменија и Грузија отпадна уште еден играч

Покрај Димитриевски за Ерменија и Грузија отпадна уште еден играч

Освен Столе Димитриевски селекторот Игор Ангеловски дефинитивно за средбите со Ерменија и Грузија не ќе може да смета и на уште еден фудбалер.

Даниел Аврамовски кој неодамна потпиша за Кајсериспор нема да биде во комбинација за настап поради повреда. Аврамовски и претходно беше под знак прашалник, а од ФФМ соопштија дека и дефинитивно нема да биде во комбинација за настап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија“, објавија од ФФМ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФК Шкупи: Некој има нешто против нас – ова не е случајно!

Во рамките од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи беше поразен со 2:0 од Г…