Дома Трансфер зона Покетино ја потврди понудата за Иско

Покетино ја потврди понудата за Иско

Фудбачерите на Тотенхем вечерва му гостиваат на Реал Мадрид во натпревар од ЛШ, а тренерот Маурисио Покетино потврди дека го сака Иско.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Спарси“ долго време го посакуваат шпанскиот репрезентативец, а Покетино потврди дека Тотенхем испратил понуда за Иско, но истата била одбиена од страна на „кралевите“.

Иско минатата сезона се наметна како еден од клучните фудбалер на Реал Мадрид и сигурно е еден од најдобрите на својата позиција.

„Секој тренер ги сака најдобрите играчи, а Иско дефинитивно покажа дека е еден од најдобрите во светот. Долго време го следат, секогаш игра на високо ниво. Тој е фудбалер со надпросечни квалитети и исклучително креативен“, истакна Покетино.

„Сега достигна зрелост и е еден од најважните играчи на Реал. Мора многу да вниманаваме на него. Неговиот квалитет и магија се неспорни“, заклучи тренерот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…