ПСЖ вчера потешко од очекувањата дојдоа до победата против Ремс (2:0), двата гола на натпреварот беа дело на Мбапе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На овој натпревар дебитираше и Лионел Меси кој влезе од клупата за резерви и одигра 20-тина минути. После натпреварот, Покетинот потврди дека Меси се уште е далеку од најдобрата форма.
„Меси се уште е далеку од најдобрата форма, тренираше добро и за две недели очекувам да биде на нивото за првиот тим. Го чекаме најдоброто, среќен сум што дебитираше, тоа беше многу важно. Првиот контакт со топка му даде мир на тимот“, изјави Покетино