Пари Сент Жермен е спремен да го ослободи Покетино и Леонардо веќе работи на тренерска смена.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа тема беше актуелна минатиот месец, но катарските сопственици не сакаа да ја повторат грешката што ја направија со Тухел минатата година.




Меѓутоа, лошата форма на ПСЖ со само една победа на четири меча, плус фактот дека Покетино не може да ги вклопи сите ѕвезди во тимот, сигурно ќе доведат до тренерска смена.




ПСЖ е во потрага по тренер, а „Ле Паризиен“ објави дека веќе се започнати преговори со Зинедин Зидан кој е слободен по заминувањето од Реал Мадрид.




Наводно Зидан токму поради ПСЖ го одбил Манчестер Јунајтед и преферира да седне на кормилото на крајот на сезоната, а не во јануари.