Дома Фудбал Репрезентации Познато кој ќе ни суди против Бугарија во Скопје

Познато кој ќе ни суди против Бугарија во Скопје

Maкедонската фудбалска репрезентација денес од 18:00 часот го игра натпреварот против Грузија во рамките од Лигата на Нации, а додека сме во исчекување на таа средба пристигна информација за натпреварот со Бугарија в понделеник.

Бугарија и гостува на Македонија во последното коло од Лигата на Нации, ако сакаме да се бориме за првото место потребни ни се две победи. УЕФА денес го одреди судијата за натпреварот во Скопје, а тоа ќе биде Австриецот Џулијан Вајнбергер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Вајнбергер ќе му помагаат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицергер и Александар Харкам сите од Австрија.

Станува збор за судија кој нема некое големо интернационално искуство, а последен натпревар на репрезентативно ниво му е Грција – Косово во јуни кој заврши со победа на домаќините од 2:0. УЕФА двапати го делегираше летово и во натпревари од квалификациите за Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Родриго случајно ја откри пораката која сакаше да ја испрати ако постигне гол

Вчера фудбалерите на Реал го совладаа Баерн со 2:1 и така се пласираа во финалето, а во пр…