Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ за време на викендот треба да го комплетира трансферот во Јувентус, пренесуаат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус за неговиот потпис ќе и плати на Фиорентина 75 милиони евра, а Влаховиќ ќе потпише петгодишен договор тежок 7 милиони евра по сезона.




Голем приход од трансферот на Влаховиќ ќе остварат и неговите агенти, односно „International sports office“ агенција која ја води Дарко Ристиќ.




Во текот на денот раководните луѓе на Јувентус ќе се сретнат со агентите да ја дефинираат провизијата, а според италијанските медиуми таа ќе изнесува 10 милиони евра.




Влаховиќ во сабота треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе стави потпис на договор со Јувентус до 2027 година.