Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе добие буџет од 80 милиони фунти за зимски трансфери, откриваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Таа сума може да биде зголемена од приходите кои што ќе ги добие клубот од евентуалната продажба на „непотребни“ фудбалери. Според англиските медиуми најголема веројатност да го напуштат „Олд Трафорд“ во јануари имаат Лук Шоу и Матео Дармијан.
Хенрих Михтарјан исто така би можел да се врати во својот поранешен клуб, а иднината на Маруан Фелаини е под знак прашалник бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Мурињо сака да донесе играчи на четири позиции – лев бек, десно крило, играч за врска и плејмејкер. Меѓутоа, со сигурност нема сите овие фудбалери да бидат купени во јануари.
Според „Манчестер Ивнинг Њуз“, Мурињо ќе донесе нови фудбалери на споменатите позиции само доколку се појави можност на трансфер пазарот, а следното лето сигурно ќе пристигне една голема ѕвезда на „Олд Трафорд“.