Дома Фудбал Останато Познато зошто е „невозможно“ Зидан да го преземе Јувентус

Познато зошто е „невозможно“ Зидан да го преземе Јувентус

Најавата на Зинедин Зидан дека е многу блиску до враќање во тренерската работа, ги засили шпекулациите за негово доаѓање во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус игра многу лошо сезонава, испадна од Лигата на шампиони и заостанува во Серија А, па навивачите веруваат дека Зизу би бил идеална замена за Алегри.

Сепак, неговиот пријател и сонародник Тиери Анри смета дека тоа е невозможно бидејќи Зидан сака да ја преземе репрезентацијата.

„Го поврзуваа со многу клубови, но мислам дека тоа нема да се случи. Мислам дека тој не го сака тоа. Гледам како Зидан ја чека репрезентацијата. Тоа би било сосема логично“, вели Анри.

После Мундијалот Дешамп може да го напушти селекторското место, а Зидан е фаворит за негов наследник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…